На Пандев му фали уште еден меч за да сруши рекорд во Серија А

by
1 минути читање

Џенова синоќа со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Кротоне, а Горан Пандев ги одигра последните 20 минути.

Ова за нашиот фудбалер беше 154 влегување од клупата во Серија А со што го изедначи рекордот на Серџо Пелисие.

На Пандев му фали уште еден меч за да биде осамен на врвот во оваа статистика, а тоа се очекува да се случи наскоро.

Џенова која е во одлична форма во последно време го пречекува Наполи во следното коло, тоа ќе биде и македонско дерби меѓу Пандев и Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×