„Ел Мундо“ го извади и вториот дел од мултимилионскиот договор на Меси со Барселона потпишан во 2017 година.
Синоќа весникот откри дека од потпишувањето на договорот до неговиот крај, Меси ќе добие повеќе од 555 милиони евра. А сега тврди дека Барселона ќе треба да му плати на Меси и бонус од 39 милиони евра.
Оваа сума Меси треба да ја добие како уште еден бонус за лојалност, а треба да биде исплатена на 15 јули кога договорот меѓу двете страни ќе заврши.
Неважно е дали Меси ќе остане или ќе ја напушти Барселона, клубот мора да му ја даде и оваа сума.
Некои сметаат дека примањата на Меси се безобразно високи, особено во време на пандемија, но според други Аргентинецот го заслужува секое евро бидејќи тој на Барселона и носи поголема заработка отколку што тие му плаќаат, тие ги имаат неговите имиџ права.