Нејмар: Не знам зошто, но работите тука се променија, сакам да останам во ПСЖ

by
1 минути читање

Нејмар нема намера да го напушти ПСЖ, вели дека е среќен во францускиот клуб и сака да остане таму.

„Многу сум среќен. Работите се променија многу, не можам дда објаснам зошто, дали е до мене или нешто друго се промени“, вели Нејмар.

„Но денеска се чувствувам добро. Се адаптирав. Посмирен сум и сум многу среќен тука. Сакам да останам во ПСЖ и се надевам и дека Мбапе ќе остане. Се разбира тоа е желба на секој навивач на ПСЖ“.

„Сакаме ПСЖ да биде голем тим и сакам да продолжиме да го правиме тоа секој ден во Парис, да играме фудбал и да бидеме среќни. Тоа е најважната работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×