Алиоски и Лидс синоќа го победија Лестер на негов терен со 3-1. А по мечот нашиот фудбалер за „Спорт Клуб“ даде интервју на македонски.
„Лестер е врна екипа, но и ние во Лидс имаме добар тим, добри играчи. Не лесно да дојдеш тука и да го победиш Лестер, осебно кога се во форма. Ние претходно го победивме Њукасл што беше многу добро за нашата самодоверба, тоа се мали детали, но многу важни“, вели Алиоски.
„Физички сме многу силни, затоа можеме да трчаме, да играме во висок ритам 90 минути. Бевме агресивни во дуелите, игравме пресинг, но и ги сопревме контра нападите на Лестер, а тоа не е лесно. Кога играме вака, можеме да победуваме големи клубови“.
„Добро е тоа што Македонија има играч во Премиерлигата, имаме таленти и знам дека во иднина ќе има повеќе Македонци во Премиерлигата. Ова е најсилната лига и среќен сум што играм тука“.