164
Тотнем врза два порази по ред откако по загубениот меч од Ливерпул, денеска не освои бод ниту кај Брајтон.
Домаќините беа подобар противник, создадоа многу повеќе шанси и вистинско чудо е што не победија и со поголема гол разлика.
Тотнем без Хари Кејн како да немаше лидер на теренот, речиси и да не создадоа вистинска шанса за гол.
Герет Бејл беше стартер, но неговото издание беше бледо, Велшанецот не успева да се наметне во тимот на Мурињо.
Клучниот момент се случи уште во 17. минута кога по една убава акција Тросард по асистенција од Грос постигна гол за водство од 1-0 кое значеше три бода.