191
Бековите му донесоа радост на Тумас Тухел против Барнли и прва победа во Премиерлигата. Челси доминираше на теренот, креираше неколку добри шанси а она што напаѓачите не успеаја да го реализираат, покрија Азпиликета и Алонсо.
На пет минути пред крајот на првиот дел, Челси тргна во брз против напад, Одои остави за Азпиликета, кој прецизно биеше под пречката за 1-0.
Во завршницата од мечот дилемите околу победникот ги реши Алонсо. Левиот бек прими топка на гради и без многу рамислување од косо биеше прецизно за 2-0.