Меси и адвокатите го бараат „кртот“, Барселона негира одговорност

by
1 минути читање

Шпанскиот весник Ел Мундо денеска го објави договорот на Лео Меси со Барселона кој тежи фантастични 555 милиони евра.

Барселона веднаш се огласи и изрази жалење што се објавиле вакви информации со оглед на тоа дека станува збор за документ кој е деловна тајна.

Клубот од Камп Ноу исто така негираше одговорност за документите кои се појавија и најави тужба за Ел Мундо за нанесената штета.

Медиумите пишуваат дека и Лео Меси веднаш ги контактирал адвокатите, Аргентинецот го бара „кртот“ и лицето кое го доставило договорот до новинарите на Ел Мундо. Напаѓачот верува дека лицата кои имале пристап до договорот се бројат на една рака и се 4-5.

Капитенот на Барселона исто така ќе достави тужба до Ел Мундо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×