977
Ел Мундо денеска објави детали за договорот на Лео Меси и Барселона, соработка вредна 555 милиони евра. Весникот вели дека огромната плата на Аргентинецот ја уништува Барселона, но со ова не се сложува претседателксиот кандидат Фиктор Фонт.
„Меси ја заслужува платата до последно евро. Не ја уништи Барселона. Тој е најдобриот фудбалер во историјата, сакаме да остане засекогаш“ – напиша Виктор Фонт на социјалните мрежи.