937
Победничкиот гол на Ериксен против Милан се чини дека му ја смени судбината на Данецот во Интер, тој денеска доби шанса од првата минута и го одигра целиот меч.
Интер поведе уште во седмата минута со автогол на Импорта по центаршут на Ериксен.
Во 57. минута Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0, а до крајот на мечот Лукаку постигна уште два гола за конечна победа од 4-0.
Со овие три бода Интер го одржа чекорот со Милан, нероазурите имаат два бода негатива во однос на градскиот ривал.