Манчестер јунајтед никако да погоди против „биг сикс“, многу шанси а ниту еден гол на Емирати (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Оле
Гунар Солшер се мачат против ривалите од „биг сикс“, освен едниот погодок во
поразот од Тотнем од 1-6, Манчестер јунајтед на пет меча има резултат 0-0 (против
Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и два пати против Арсенал).

Вечерва на
Емирати, фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед креиаа многу шанси, но
љубителите на фудбалот не видоа ниту еден гол.

Лено одлично
интервенираше при обидот на Фред, Бруно Фернандеш пласираше крај голот, а
неколку големи промашување имаше Кавани.

На спротивната
страна, „топчиите“ во неколку наврати на тест го ставија Де Хеа а најблиску до
гол беше Лаказет, напаѓачот од слободен удар ја стресе пречката.

На резултатот најмногу
ќе се израдува лидерот Манчестер Сити како и ривалите кои имаат амбиции за топ
четири пласман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×