Ибра промаши пенал но тука беше Ребиќ, Милан триумфираше кај Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По два порази, еден во Серија А и еден во Купот на Италија, избраниците на Пиоли им се вратија на победите и триумфираа кај Болоња со 1-2.

Милан одлично го почна натпреварот креираше неколку шанси и поведе во 26. минута. Златан Ибрахимовиќ промаши пенал, но Ребиќ стигна прв до одбиената топка и реализираше за 0-1.

По десетина минути игра во второто полувреме, Милан доби нов пенал. Овој пат Кеси ја превзеде одговорноста и погоди за 0-2.

Едма загубена топка на Тео Ернандез на средината од теренот отвори брз против напад за Болоња по кој Поли намали на 1-2 во 81. минута и донесе возбудлива завршница.

Донарума потоа со фантастична интервенција го спречи Соријано да донесе 2-2, а Паласио за малку беше прекраток и пропадна нова голема шанса за изедначување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×