342
Калум Вилсон со два гола го предводеше Њукасл до славје на „Гудисон“, прво по 2010 година. Избраниците на Стив Брус имаа пет порази во низа во Премиерлигата, многумина веруваа дека им се смешка и шести, но успеаја да ги изненадат „карамелите“.
Откако во првото полкувреме ја стресе пречката, Вилсон прекрасно погоди по еден корнер во 73. минута и најави радост за гостите.
Кога Евертон во финишот фрли се на една карта, следеше брза контра по која Вилсон ја затресе мрежата по втор пат за 0-2.