197
Раководството на Реал Мадрид претпоставува дека Серхио Рамос заминува од „Бернабеу“ на 30 јуни, ова го пренесе новинарот Жозеп Педрерол.
Тој откри дека Флорентино Перез на дефанзивецот му понудил две опции за продолжување на верноста. Првата била двегодишен договор со 10% помала плата, а втората била цела плата но договор на само една година.
Капитенот му порачал на претседателот дека ќе види што има да понудат другите клубови. Серхио Рамос до овој момент нема кажано ништо, и во Реал ова го толкуваат како сигнал дека играчот бара начин да замине од клубот.