192
Ливерпул игра со крпена одбрана, Вирџил ван Дајк и Џо Гомес од поодамна се отсутни и ќе биде надвор од стројот уште неколку месеци. За проблемите да бидат уште поголеми, синоќа се повреди и Жоел Матип. Се верува дека тој ги оштетил лигаментите на скочниот зглоб и ќе отсуствува подолго време.
Па Јирген Клоп во следните денови ќе се обиде да донесе нов централен дефанзивец.
„Ако имате квалитетен дефанзивец за разумна цена, пратетe ми порака“ – вели Германецот.
„Секако дека работиме на случајот, внимателно следиме се. Се обидуваме да одиграме правилно. Не се работи за тоа дека сум пребирлив, едноставно треба да го најдеме правиот играч. Неверојатно е ова што ни се случува со одбраната“.