Мурињо вели дека тој се смирил, не е веќе темпераментен крај аут линијата како што бил, но тоа е така затоа што него го казнуваат, а на другите тренери им прогледуваат низ прсти, алудирајќи на Клоп кој важи за еден од најтемпераментните тренери, а во минатото коло имаше дуел со Шон Дајч.
„Мислам дека еволуирав во смиреноста и сега подобро ја читам играта. Почувствував дека треба да го променам однесувањето и среќен сум со тоа. Секогаш кога не се однесував добро ја плаќав цената. Ја плаќав на два начини, требаше да ги гледам мечевите од соблекувална на тв и да плаќам големи парични казни“, вели Мурињо.
„Мислам дека за некои други луѓе тоа не важи. Но, ако судијата и четвртиот судија се таму да си ја вршат работата, се надевам дека ќе ја вршат како што треба“.