Синоќа Манчестер јунајтед доживеа изненадувачки пораз на свој терен откако со 2-1 загуби од Шефилд јунајтед кој е последен на табелата во Премиерлигата.
„Фаул е. Били Шарп едноставно влезе во Де Геа, па тој не можеше да скокне, тоа е фаул“, вели Солшер.
Запрашан дали требаше да бииде поништен голот на Марсијал, Солшер рече: „Не, не беше фаул… но ова е таква сезона, на неконзистентност, па ќе има непредвидливи работи. Но, судиите направија две големи грешки“.
„Ја имавме целата посед, но кога ќе примите два лоши голови, секогаш ќе биде тешко“.
„Не креиравме доволно големи шанси за да постигнеме доволно голови“.
„Магијата недостасуваше. Тие се бранеа добро, ние немавме вистински идеи како да ги пробиеме“.