Шок за Манчестер јунајтед, пораз од последниот на табелата и чекор назад во битката за врвот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Големо
разочарување за составот на Оле Гунар Солшер кој на домашен терен запиша пораз
од последната екипа во Премиерлигата во моментов, Шефилд Јунајтед кој ја бележи
својата втора победа во новата сезона.

Шефилд Јунајтед
со победа од 1-2 си замина од гостувањето кај Манчестер јунајтед кој иако
доминираше на теренот, истата доминација не успеа да ја претвори во победа.

Први во водство
дојдоа гостите со голот на Брајан во 23 минута, а со тој резултат се замина на
пауза, за во 64 минута Мегваер да израмни на 1-1, меѓутоа тоа беше се
од домаќините на оваа пресметка откако
Бурк во 74 минута приреди нов шок за фаворитот кој не успеа да се врати на
врвот од табелата.

По овој пораз,
Манчестер јунајтед сега е на второто место со 40 бода, бод помалку од лидерот
Манчестер Сити кој има и меч помалку од својот градски ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×