Напаѓачот на Арсенал,
Пјер-Емерик Обамејанг ја објасни причината поради која отсуствуваше на
гостувањето кај Саутемптон каде „Топчиите“ славеа со 1-3, причината била
неговата мајка, за која тој морал да се грижи.
„Би сакал да ви
се заблагодарам на сите за пораките и повиците изминативе неколку денови,
мојата мајка поминува низ еден тежок период поради здравствени проблеми, а јас
морав да бидам со неа, засега ситуацијата се стабилизира“ објави Габонецот.
„Јавно им се
заблагодарувам на докторите и сиот медицински персонал кои ми помогнаа да
поминам низ сево ова, секако, се заблагодарувам и на целото семејство во
Арсенал, ви благодарам!“ додаде напаѓачот во својата објава на социјалните
мрежи.
31 годишниот
Обамејанг на 17 настапи во новата сезона запиша пет погодоци, а што се однесува
пак до Арсенал, тимот предводен од Микел Артета со 30 бода е на деветтото место
на табелата, односно 11 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити.