Челси не блескаше на дебито на Тухел, реми без голови против Вулвс

by
1 минути читање

Челси одигра неубедлив меч во дебито на Тухел, сините дури во финишот од мечот почнаа да создаваат шанси, но и тие не беа доволно добри.

Уште едно бледо издание на Челси, а Тухел се увери дека ќе треба добро да ги засука ракавите за да ги разигра играчите и на раководството да му го даде тоа што го бара.

Многу поефикасно беше на мечот меѓу Барнли и Астон Вила кој го добија домаќините со 3-2.

Астон Вила двапати водеше со голови на Воткинс и Грилиш, но Барнли најпрво двапати израмнуваше со погодоци на Ми и Мекнеил, а Вуд на десет минути пред крајот ја донесе победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×