Ибра ги негира обвинувањата за расизам, но не пропушти да го пецне Лукаку (ВИДЕО)

by
0 минути читање

На синоќешното дерби меѓу Милан и Интер, Ибрахмовиќ и Лукаку имаа дуел во првото полувреме во кој си разменија навредливи зборови.

Некои отидоа дотаму што го обвинија Ибрахимовиќ и за расизам, но тој категорично го негира тоа. Сепак во демантот додаде и реченица со која индиректно рече дека тој е подобар играч од Лукаку.

„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса, сите сме еднакви! Сите ние сме играчи, некои подобри од другите“, напиша Ибра на својот твитер профил, и додаде видео против расизмот кое на инстаграм го имал постирано претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×