Одегард на позајмица во Арсенал, Норвежанецот откри со кого разговарал пред да се пресели во Лондон

by
1 минути читање

Пред почетокот на
сезоната, Реал Мадрид ја прекина позајмицата на Мартин Одегард во Реал Сосиедад
и го врати играчот на „Бернабеу“ како едиствено засилување за Зинедин Зидан.

На почетокот
Мартин Одегард добиваше шанса, но во последно време има мала минутажа, па
побара да замине.

Реал Сосиедад се
посочуваше како дестинација, но играчот се реши за авантура во Премиерлигата и
преселба во Арсенал. Попладнево пристигна официјална потврда
, a Мартин Одегард го објасни својот избор.

„Пред неколку
дена ми пиша Дани Себаљос и имаше само убави зборови за клубот и тренерот. Тој
беше среќен што пристигнувам и ова е важно, познавам некого во клубот и слушам
добри работи од него“
– вели Мартин Одегард, кој исто така имал дискусија и со Микел
Артета.

„Секако дека разговарав
и со Микел Артета. Ми се чини дека тој е топ тренер и ми се допаѓаат неговите
идеи и неговите погледи кон фудбалот. Направи да се чувствувам важно и тоа беше
клучно. Секогаш кога одите на ново место, морате да се осигурате дека ќе се
чувствувате добро и дека има план“.

„Арсенал има добар
проект, и кога ми се укажа шансата да дојдам, морав да ја искористам. Навистина
сум среќен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×