158
Иако не е дел од стартниот тим на Жозе Мурињо, Деле Али е важен играч за Португалецот кој сака да има широк ростер со квалитетни играчи.
Деле Але не е задоволен од својата минутажа и сака да оди кај Покетино во ПСЖ.
Се верува дека Тотнем би го пуштил на позајмица до крајот на сезоната, но не би го продал.
Но, Деле Али ќе може да отиде во ПСЖ единствено ако лондонскиот клуб најде соодветна замена за него.
Една од опциите беше враќање на Ериксен, сепак по неговиот вчерашен гол против Милан, Данецот можеби ќе остане во Интер.