505
Интер се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако вечерва со 2-1 го совлада Милан. Златан Ибрахимовиќ беше трагичар а Кристијан Ериксен херој.
Швеѓанецот постигна убав гол по половина час игра и донесе водство за Милан од 0-1, но потоа беше исклучен на стартот од второто полувреме.
Напаѓачот најпрво доби жолт картон за кошкање со Лукаку, а потоа втор жолт и црвен за старт над Коларов.
Со играч повеќе, Интер притисна и изедначи со голот на Лукаку од пенал во 71. минунута.
Во 97. минута на сцена стапи Кристијан Ериксен кој прекрасно погоди од слободен удар и донесе триумф од 2-1.