Јовиќ имал проблеми во комуникацијата со Зидан: Тој не зборува англиски, а јас не зборувам шпански

by
1 минути читање

Лука Јовиќ се
врати онаму каде што припаѓа, во Ајнтрахт Франкфурт откако имаше доста лош
период во Реал Мадрид, каде не успеа да се наметне, па му беше укажана прилика
за позајмица во Германија, а Србинот воопшто не се двоумеше во одлуката.

По само три натпревари
за Ајнтрахт Франкфурт, српскиот напаѓач постигна исто толку и погодоци, а иако
не сакаше да открива посебни детали од престојот во Реал Мадрид, сепак,
запрашан за споредбата помеѓу Зинедин Зидан и неговиот моментален тренер Ади
Хатер, Јовиќ ги пофали обајцата, но признава дека тешка му била комуникацијата
со францускиот фудбалски стратег, од причина што тој не зборува англиски, туку
шпански, што е проблем за Јовиќ.

Не би сакал да
навлегувам во детали, сигурно е дека обајцата се феноменални тренери, за Зидан
и претходно споменав дека е премногу искрен и предобар човек“
вели Јовиќ.

„Сепак, со Ади
имам многу подобра комуникација, и двајцата зборуваме англиски, во Шпанија не
можев да ја направам таа комуникација со Зидан, тој не зборува англиски, јас не
зборувам шпански, но, дефинитивно и двајцата се феноменални тренери, но и
предобри луѓе, во тоа не се ни сомневам
“ изјави 23 годишниот напаѓач кој до лето ќе биде на позајмица во германскиот Бундеслигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×