2,2K
„Кориере ди Рома“
пишува дека Масимилијано Алегри не би имал ништо против да го преземе кормилото
на Рома, која изминатиов период се соочува со доста проблеми во тимот.
Доста неизвесна е
иднината на актуелниот тренер на „Римската волчица“, Пауло Фонсека, особено по
раздорот кој се случи во тимот, а по кој напаѓачот Един Џеко почна да тренира
одвоено од останатите.
Проблемите
започнаа откако беше отпуштен тим менаџерот Џанлука Гомбер, а „Кориере ди Рома“
тврди дека од Рома веќе воспоставиле контакт со Алегри кој се споменуваше и
како можен наследник на Френк Лампард на клупата на Челси изминатиов период.