Рудигер, Жоржињо и Алонсо биле проблематични во Челси, особено Рудигер кој се судрил со Аспиликуета

by
1 минути читање

Капитенот на
Челси, Цезар Аспиликуета се судрил со својот соиграч Антонио Рудигер во повеќе
наврати за време на тренинзите во клубот, а тензиите биле особено на високо
ниво во пресрет на отказот за тренерот Френк Лампард.

Лампард се здоби
со отказ на клупата на „Сините“ од Лондон откако паднаа на деветтото место на
табелата со дури 11 бода заостанување зад лидерот Манчестер јунајтед, но
Лампард се соочувал со големи проблеми во соблекувалната.

Медиумите на
Островот пишуваат дека Антонио Рудигер, Жоржињо и Маркос Алонсо му предизвикувале
доста проблеми на Лампард во пресрет на неговиот отказ, а посебно се издвојува
тензичниот однос на релација Аспиликуета – Рудигер.

Германскиот
стопер бил многу лут поради фактот што постојано бил изоставуван од својот тренер
кој го преферираше двоецот Тијаго Силва – Курт Зума во дефанзивната линија, а
Аспиликуета се обидувал постојано да ја смирува топката.

Аспиликуета немал
работа само со Рудигер, туку и со фудбалерите кои потекнуваат од младинскиот
погон на Челси, кои не криеле дека се вознемирени од третманот кој го добивале
од страна на Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×