Контроверзниот гол на Манчестер Сити против Астон Вила нема да важи во иднина и ќе биде поништен

by
1 минути читање

Минатата недела,
Манчестер Сити со 2-0 ја совлада Астон Вила во контроверзен меч. Домаќините
поведоа под сомнителни околности, Родри беше длабоко во офсајд кога се активираше
и му ја одзеде топката на Тајронг Мингс и го проигра Силва за водство на
„граѓаните“.

Гостите реагираа
бурно, тренерот на Астон Вила беснееше крај аут линијата и беше исклучен поради
жестоките протести.

Судиите сметаа
дека започнала нова акција кога Мингс доброволно ја смирил топката, но
многумина веруваат дека Родри се стекал со нефер предност и голот морал да биде
поништен.

За да се избегне
нова контроверзија, дадени се нови насоки за толкување на правилото за офсајд,
па вакви голови во иднина нема да важат и ќе бидат поништени. Премиерлигата и
ЕФЛ ги известиле сите 91 професионални клубови за промените кои ќе важат во
продолжението од домашните натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×