Според него, Лион е во срцето на Бензема, тој им ги гледа сите натпревари и сонува таму да ја заврши кариерата.
„Дали Бензема ќе се врати во Лион? Да, искрено мислам дека ќе се врати. Тој постојано зборува со мене и ги гледа сите мечеви на тимот. Тој никогаш не играл на новиот стадион на Лион (отворен е од 2016). Лион му е во срцето“, вели Џазири.
„Има нешто во Лион за Карим. Но тој не би се вратил ако не е подготвен. Раскинат е меѓу останување во најдобриот клуб во светот и враќање во Лион, прашање на време е. Сонува за враќање во Лион. Би било магично да ја има и капитенската лента“.
Актуелниот договор на Бензема трае до 2022 година, овие зборови на агентот го вклучуваат алармот во Реал Мадрид за продолжување на соработката со Французинот.