Напаѓачот на
италијанскиот прволигаш Рома, Един Џеко тренира осамено во клубот, а тензиите
со тренерот Пауло Фонсека и натаму продолжуваат, а до овие моменти нема сигнали
дека истите ќе бидат решени.
Тензично во Рома, Џеко и Пелегрини говореле во името на сите фудбалери
Тензиите помеу
Џеко и Фонсека се чини дека денеска кулминираа откако португалскиот фудбалски
стратег донесе одлука Босанецот да тренира одвоено од останатите, за што
извести „Скај Спорт Италија“.
Џеко токму
денеска се врати на тренинзите, меѓутоа не добил покана да тренира со своите
останати соиграчи во тимот во пресрет на мечот со Верона предвиден на
програмата во недела.
Се верува дека
последната одлука на Фонсека ќе биде дополнителен стимул за 34 годишниот Џеко
да си замине од Рома.
По победата над
Специја со 4-3, Фонсека одби да ги коментира случувањата со Џеко, кој на таа
пресметка не беше во составот на „Римската волчица“.