Заврши авантурата
на Френк Лампард на кормилото на „сините“. Изминатово лето беа потрошени преку
200 милиони фунти на засилувања, но резултатите не беа на потребното ниво па
управата на Челси реши да повлече потег.
„Челси денеска се
раздели со тренерот Френк Лампард“ – гласеше дел од соопштението.
Сопственикот Роман Абрамович, кој е добар пријател со легендата на клубот, вели дека одлуката била тешка но морале да направат
промена.
„Ова е многу
тешка одлука, имам одличен личен однос со Френк и неизмерна почит кон него“ – вели
милијардерот од Русија.
„Се работи за
човек со огромен интегритет и висока работна етика. Сепак, со оглед на
моменталните околности, веруваме дека најдобро е да направиме промена“.
„Во име не сите
во Челси, сакам да му се заблагодарам на Френк за досегашната работа како
тренер и да му посакам успех во иднина. Тој е голема икона на овој клуб и
неговиот статус ќе остане недопрен. Секогаш ќе биде топло пречекан на Стемфорд
Бриџ“.