Мурињо: Бејл треба да си ги заработи минутите на теренот

by
1 минути читање

Многу повеќе се очекуваше од Герет Бејл по неговото враќање во Тотнем, но засега не го исполнува тоа. Мурињо вели дека на ниту еден фудбалер не му дава туку така шанса да игра, туку тоа мора да се заработи со константна работа на тренинзите.

„Не можам јас да им давам минути, минутите на теренот не е нешто што јас го давам, па не би одел во таа насока“, вели Мурињо.

„Сите ги знаеме тешкотиите кои неколку сезони ги имаше тој во Реал Мадрид, знаеме дека дојде со повреда, знаеме дека дури и оваа сезона имаше некои проблеми со повреди“.

„Најважно е за него да биде константен, да тренира без проблеми и кога фудбалер е константен на тренингот, да работи со висок интензитет без било каков проблем, тогаш фудбалерот е подготвен“.

„На фудбалерот не треба да му давате минути, туку тој треба да си ги заработи минутите, за мене тоа е разликата“.

„Оваа недела тој работи секоја минута како и сите други со добар интензитет и да видиме како ќе реагира кога ќе акомулира такво темпо на работа, да видиме како ќе реагира до крајот на неделата“.

За вечерниот натпревар од ФА Купот против Викомб, Мурињо рече дека се уште не го одредил составот, но Бејл најверојатно ќе игра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×