Куман му помогна на Атлетико Мадрид да биде главен кандидат за титулата во Примера

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид има седум бода повеќе од Реал Мадрид и десет од Барселона, но и натпревар помалку од двата шпански гиганти.

Досега не се случило никој во Примера да испушти толку голема предност во овој дел од сезоната, секој кој водел со толку бодови предност на крајот станувал и шампион.

Иронично еден потег на тренерот на Барселона, Роналд Куман има удел во формата на Атлетико Мадрид, а тоа е Луис Суарез.

Куман се откажа од Суарез, му рече дека нема да смета на него и дека тој може слободно да си оди. Уругваецот премина во Атлетико Мадрид и руши лични рекорди.

Тој оваа сезона настапи на 15 меча за Атлетико Мадрид и постигна 12 голови во Примера, тоа е најдобар старт на фудбалер во нов клуб од Кристијано Роналдо кој за Реал Мадрид во 10 постигна 13 голови на 15 меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×