Официјално: Озил потпиша за Фенербахче!

by
0 минути читање

Месут Озил и официјално стави крај на авантурата во Арсенал. Фудбалерот минатата недела се договори со „топчиите“ за прекин на соработката и отпатува во Турција да потпише со Фенербахче.

Но протоколите за ковид-19 и карантинот ја одолговлекоа промоцијата и соопштението пристигна дури вечерва.

„Фенербахче и официјално го додаде Месут Озил во својот состав. Играчот стави потпис на три ипол годишен договор“ – гласеше известувањето.

Германецот веќе го одработи и првиот тренинг со новите соиграчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×