Реал без Зидан на клупата до убедлива победа кај Алавес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Без Зинедин Зидан
на клупата, „кралевите“ лесно го победоа Алавес. Французинот поради ковид-19 не
можеше да седи на клупата, но неговото утсуство не се почувствува, Реал Мадрид
славеше со убедливи 1-4.

Касемиро погоди
со глава по еден прекин за 0-1 во 15. минута, Бензема постигна атрактивно од
врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 41. минута, а пред самиот крај на првиот дел,
Азар се најде осамен пред голмот на Алавес и го матираше за 0-3
.

По еден час игра,
Хоселу намали на 1-3, но тоа беше се што направи домаќините. Бензема со својот
втор гол во 70. минута ги потврди трите бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×