Аталанта доминираше против Милан и славеше со 0-3, Интер пропушти да биде зимски шампион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан првиот дел
од сезоната ќе го заврши на првото место на табелата и покрај тоа што
избраниците на Пиоли вечерва загубија. Аталанта ги надигра „росонерите“ на Сан
Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода.

Ромеро го отвори
резултатот во 26. минута, дефанзивецот му побегна на својот чувар и со глава го
матираше Донарума. На стартот од вториот дел, Кеси реагираше неспретно со лакт
го удри Иличиќ во лице, а судијата покажата на белата точка. Иличиќ ја превзеде
одговорноста и биеше од 11 метри за 0-2.

Во 77. минута беа
решени сите дилеми, Ромеро убаво го проигра Запата, а напаѓачот по земја биеше
за 0-3.

Поразот на Милан
сепак не го искористи Интер, „нероаѕурите“ со триумф над Удинезе можеа да бидат
зимски шампион но одиграа само 0-0 на „Дачија Арена“.

Избраниците на
Конте прикажаа премалку, најсериозната шанса ја имаа по еден кикс на домаќините,
но Мусо со фантастична одбрана го спречи Лаутаро Мартинез. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×