161
„Скај Спорт Италија“ тврди дека Папу Гомез е блиску до трансфер во Севиља, а подоцна тоа го потврди и спортскиот директор на шпанскиот клуб, Мончи.
„Работиме на тоа, но се уште е рано“, изјави Мончи.
Аталанта сака 10 милиони евра за фудбалерот, а Севиља го бара на позајмица со опција да го купи за осум милиони евра.
Аталанта не сака да го продаде на ривал, преферира тој да замине надвор од Италија, па се верува дека двете страни ќе најдат заедничко решение и тој ќе премине во Севиља.