Челси прикажува
очајна игра на теренот, а притоа западна во лоша форма откако доби само еден
меч од последните пет во Премиерлигата, по што следеше голем пад на табелата
каде моментално се наоѓа на осмото место со 11 бода заостанување зад лидерот
Манчестер јунајтед.
Дека Лампард го
очекува голема неизвесност за својата позиција тоа е повеќе од јасно, а веќе е
јасно и дека полека но сигурно не го издржува притисокот од медиумите.
„Да бидам искрен,
сметам дека самодовербата на моите фудбалери се руши со самото тоа доколку
прочитаат некои информации кои ти ги пишуваш во овие моменти“ му одговори
Лампард на еден од новинарите на денешната пресконференција.
„Јас прочитав дел
од вестите, а можев да видам дека користиш одреден начин на пристрасност
коментирајќи ги натпреварите, тоа е речиси идентично како некој експерт за
фудбал по социјалните мрежи кој само носи негативно сценарио“ додаде Лампард.