Лаутаро Мартинез се
пресели на „Џузепе Меаца“ летото во 2018 во трансфер вреден околу 25 милиони и
се покажа како топ засилување. Поранешниот скаут на Интер, Аделио Моро сега
открива како „нероаѕурите“ го ангажирале напаѓачот и како Јувентус имал удел во
сето ова.
„Во јануари 2017
се играше Првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години. Аусилио
(спортскиот директор на Интер) им се јави на сите скаути и рече, „Доцна е да
испратиме некого во Еквадор, но сакам човек да го следи секој натпревар на
турнирот (натпреварите се играле од полноќ па до 3 часот наутро по италијанско
време) Јувентус веќе ги има ангажирано Бентанкур и Рожерио, па мораме да
најдеме млад фудбалер кој е подготвен за настап во Европа““ – раскажува Моро.
„Имаше неколку
интересни играчи. Лианко, кој подоцна се пресели во Торино и Ришарлисон, кој заврши
во Вотфорд. Кога ја гледавме Аргентина, веднаш абележавме еден набиен
напаѓач со одлична техника и можеше да шутира кон голот од секоја позиција, тоа
беше Лаутаро Мартинез“.
„Имаше 19 години
и беше под договор со Расинг. Атлетико Мадрид и Јувентус исто така беа
заинтересирани за него, па му се јавивме на Аусилио и му рековме, „Лаутаро има
многу простор за напредок, мора да го ангажираме веднш“. Аусилио отпатува во
Аргентина по крајот на турнирот. Сакаше лично да го види Лаутаро и да разговара
со неговите агенти. Ги претрка другите клубови и потпиша со играчот“.