281
Во 12. минута беше досуден пенал за Еибар, а на изненадување на сите ударот од белата точка го изведе голманот Марко Дмитровиќ, погоди и му донесе водство на својот тим.
Пред натпреварот во изјава за „Мувистар“, Дмитровиќ најавил дека ако има пенал на дуелот со Атлетико Мадрид тој ќе го шутира.
Причината поради која тој ја презема одговорноста е затоа што Еспозито и Серхи Енрих ги промашија претходните два пенали за Еибар.