198
„Каталонците“ не
дозволија ново изненадување во Копа дел Реј, избраниците на Куман можеби се помачија
но славеа со 0-2 против третолигашот Корнеља.
На Барса и беа
потребни 120 минути за пласман во четвртфинале иако гостите можеа многу порано
да ја осигураат победата. Во финишот на првиот дел, Хуан Рамос му одбрани пенал
на Пјаниќ, а во 80. минута, голманот на домаќините го доби и дуелот со Дембеле
од белата точка.
Сепак, тој не
можеше да стори ништо кога на стартот од продолженијата Дембеле испука ракета
од врвот на шеснаесетникот и донесе 0-1. Пред судијата да означи крај,
Брајтвајт ги постави конечните 0-2.