Ливерпул е во криза, за прв пат по 2017 загуби на Енфилд, Барнли го фрли шампионот на колена (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул е во
криза, вечерва беше ставен крај на една убава серија откако избраниците на
Јирген Клоп загубија дома од Барнли.

Во првото
полувреме „црвените“ упатија дури 13 удари, имаа и зицер откако една грешка на
Ми го исфрли Ориги осамен пред голот, но напаѓачот ја погоди само пречката.

Казната за лошата
игра во нападот стигна во 83. минута, Алисон го собори Барнс, судијата досуди
пенал по кој Барнс донесе водство од 0-1.

Ливерпул се обиде
да се спаси, во финишот Фирмино случајно се најде во шанса но неговиот обид
беше блокиран од Ми па „црвените“ мораа да се помират со првиот загубен меч
на Енфилд во Премиерлигата по април 2017 и серија од 68 натпревари без пораз.

Во отсуство на
Ван Дај и Џо Гомез, многумина веруваат дека овој месец треба да биде ангажиран
дефанзивец, но Јирген Клоп под итно треба да најде решение за неефикасноста
пред голот со оглед на тоа дека Ливерпул на четири меча во низа во
Премиерлигата нема постигнато гол и ова им се случува за прв пат по 2000
година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×