Пол Погба е
одличен во дресот на Манчестер јунајтед изминатиов период, а синоќа постигна
преубав гол во победата на гости кај Фулам за ново враќање на врвот од
Премиерлигата за „Црвените ѓаволи“, во победата од 1-2 погоди и Единсон Кавани,
за кого посебни пофалби има Погба.
„Сите знаеме дека
Единсон Кавани е фудбалер од светска класа, а постојат малку напаѓачи како него
во светот, ние ја имаме честа да имаме еден од нив во својот тим“ изјави
Французинот, наведувајќи дека најтешките погодоци се токму како двата против
Фулам, а се произнесе и на тоа каква разлика прави Кавани во тимот.
„Свесни сме дека
најтешките погодоци се всушност тие, имаме ние талентирани фудбалери како
Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд, па и Мејсон Гринвуд, тие можат да придонесат,
имаат квалитет и потенцијал, меѓутоа тие го немаат тоа искуство на Кавани,
меѓутоа ниту квалитетот како неговиот“ заклучи Погба.