Тензично во Рома, Џеко и Пелегрини говореле во името на сите фудбалери

by
1 минути читање

Тензиите растат
во редовите на италијанскиот прволигаш Рома откако тамошните медиуми
пренесуваат дека Един Џеко и Лоренцо Пелегрини имале конфронтација со тренерот
Пауло Фонсека, а побарале и враќање на тим менаџерот Џанлука Гомбер.

Ситуацијата во „Римската
волчица“ се чини дека ескалираше во поразот од Специја со 4-2 во Копа Италија, а
Рома која на тој меч имаше дури две исклучувања, направи и шест замени, наместо
дозволените пет.

Поради тоа,
следеше брза реакција од Рома по што беа отпуштени Гомбер, како и Маноло
Зубирија, па денеска било доста тензично за време на тренингот, а италијанските
медиуми тврдат дека Џеко и Пелегрини говореле во името на сите фудбалери,
барајќи враќање на Гомбар.

Фудбалерите исто
така не пропуштиле и да проговорат за лошите резултати и проблемите од тактички
аспект во играта со тренерот Фонсека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×