Ретко дека многумина
знаеа Алкојано, третолигаш од Шпанија кој се прослави низ целиот фудбалски свет
откако го елиминираше големиот фаворит Реал Мадрид во Копа дел Реј, а за
болката на „Кралевите“ да биде уште поголема, имаа и играч повеќе откако во 110
минута Лопез од Алкојано доби исклучување.
Секако дека оваа
победа на Алкојано им значи многу, а воедно се свесни и против кого играа на
теренот, па така еден фудбалер на таа екипа дури и се обиде да направи селфи со
Карим Бензема, меѓутоа следеше и нервозна реакција на францускиот напаѓач кој
мошне разбирливо не беше расположен за тоа, иако и повеќе од веројатно е дека упорноста на фудбалерот на нисколигашот на крајот се исплатеше за да си ја оствари желбата.