Продолжува
кошмарот на Кун Агуеро, наместо дозвола за напуштање на самоизолција, напаѓачот
доби позитивен тест на ковид-19.
Аргентинецот
требаше да биде стартер за Манчестер Сити против Бирмингем на 10. јануари, но
Пеп Гвардиола беше принуден да направи промена на плановите во последен миг, Кун Агуеро се самоизолираше поради близок контакт со позитивен на ковид-19.
Се чинеше дека напаѓачот
ќе куртули откако поминаа десетина дена, но Кун Агуеро развил симптоми и последниот
тест покажал дека и тој е заразен со коронавирус.
„По близок
контакт, бев во самоизолација и последниот тест покажа дека сум позитивен на
ковид-19. Имам симптоми и ги следам препораките на докторите. Чувајте се!“ –
напиша Кун Агуеро на социјалните мрежи.