882
Ибрахимовиќ со два гола му донесе победа од 2-0 на Милан на гостувањето кај Каљари, а потоа беше расположен за изјави.
„Марио Манџукиќ го потпиша договорот, тој му се приклучува на Милан, па ние двајца ќе ги плашиме противниците“, изјави Ибрахимовиќ.
Според италијанските медиуми, Манџукиќ го одбрал дресот со број девет кој е слободен откако Пјонтек го напушти клубот.
Се очекува во текот на утрешниот ден, Милан и официјално да го потврди ангажманот на Манџукиќ.