Два гола на Ибрахимовиќ за нова победа на Милан! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Милан оствари уште една гостинска победа во Серија А, го совлада Каљари и повторно се одлепи на три бода од Интер.

Херој за росонерите беше Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна и двата гола.

Ибра најпрво погоди во седмата минута од пенал, а по седум минути игра во вториот дел постигна уште еден гол за водство од 2-0 кое беше и конечен резултат.

Ибрахимовиќ првпат по повредата одигра 90 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×