305
Натпреварот меѓу Докса и АЕК Ларнака заврши без голови 0-0. Во 30. минута од натпреварот Шишковски му одбрани пенал на Тричковски.
На мечот настапија сите шест Македонци, по тројца за двете екипи, четворица од нив беа како стартери.
За Докса по 90 минути одиграа Шишковски и Трачевски, а во 82. минута во игра влезе Дарко Глишиќ.
Во составот на АЕК Ларнака, цел меч одигра Тричковски, стартер беше и Спировски кој во игра беше до 69. минута од натпреварот, а во 77. минута влезе и Даниел Мојсов.