Кристијан Ериксен
се приклучи на Интер пред една година откако направи трансфер од Тотнем вреден
27 милиони евра, но Данецот не успеа да се наметне во дресот на „Нероаѕурите“,
а би можел да си замине од таму уште овој месец.
Од тие причини,
Интер нема да му дозволи на Ериксен да се врати во клубот од Северен Лондон со
бесплатна позајмица, наместо тоа, тимот предводен од Жозе Мурињо ќе мора да му
ги исплаќа платите на плејмејкерот во целост доколку сакаат да го вратат назад
во клубот.
Фабрицио Романо
претходно извести дека Мурињо посакува да го врати Ериксен уште овој месец,
меѓутоа португалскиот фудбалски стратег сигурно ќе мора повеќе да се потруди,
па дури и да издејствува на некаква спогодба со неговиот поранешен клуб Интер.
Ериксен има
годишна плата од 7.5 милиони евра, а од Интер се отворени за евентуална
продажба на Данецот.