Меси би можел да добие суспензија до 12 натпревари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона загуби
со 2-3 од Атлетик Билбао во финалната пресметка во рамките на шпанскиот
Суперкуп, иако Каталонците на два пати водеа за време на тој натпревар.

Моментот кој го
одбележа поразот на Каталонците секако беше исклучувањето на првата ѕвезда на
таа екипа, Лионел Меси, откако Аргентинецот го удри напаѓачот од спротивниот
табор Асие Вилалибре, по што беше прегледувана снимката од таа ситуација со
помош на ВАР технологијата, а утврдено беше дека Меси треба да добие црвен
картон, што воедно и се случи.

Засега останува
нејасно колку ќе изнесува суспензијата од натпревари за Меси во периодот кој
претстои, меѓутоа, „Марка“ наведува дека Аргентинецот би можел да биде
суспендиран за дури 12 натпревари, во зависност од тоа како дисциплинската
комисија при шпанскиот фудбал го гледа тој инцидент.

Доколку потегот
на Меси се карактеризира како агресивен, во тој случај Меси би можел да паузира
од четири до 12 натпревари, а доколку се утврди дека потегот не бил агресивен,
тогаш Аргентинецот би добил нешто поблага казна, односно помеѓу еден до три
меча суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×